Мери Дика Георгиевска е нов претседател на Апелацискиот суд Скопје

од Radmila Tasevska
195 прегледи

На денешната 429-та седница судскиот совет седница донесе одлука со која за вршител на должност претседател на Апелацискиот суд Скопје се определува Мери Дика Георгиевска, судија од Апелационен суд Скопје.

Судскиот совет, на денешната седница, претходно донесе одлука за престанок на судиската функција поради исполнување на услови за старосна пензија на Лидија Димчевска, која од март 2018 година беше в.д. претседател на скопска Апелација.

Исто така на седницата, било расправано и за избор на генерален секретар на Судскиот совет, но не е донесена одлука за избор, и  ќе се носи на наредна седница.

Судскиот совет, информира дека на денешната седница  бил разгледан и Извештајот од работна посета на Основен суд Гостивар.

Слични содржини