Мерил Стрип ќе стане баба

од Vlatko K

Мерил Стрип наскоро ќе добие бран честитки. Не, не се очекува актерката да го освои четвртиот„Оскар“.

Овој пат поводот за радост е од личен карактер. Познатата актерка ќе стане баба за прв пат, сподели нејзиниот портпарол. Тој нагласи дека Стрип со голема нетрпеливост го очекува настанот.

Најстарата ќерка на Мерил Стрип, Мами Гамер, очекува бебе од нејзиниот свршеник, продуцентот Мехарт Сетхи.

Пред да биде заедно со Мехар, Мами беше омажена со актерот Бенџамин Вокер, но тие се разведоа по две години брак.

Мами е најголемото од четирите деца на Мерил Стрип и скулпторот Дон Гамер. Двајцата се венчаат во далечната 1978 година и веќе 40 години се заедно, докажувајќи дека среќни семејства може да има, дури и во Холивуд.

„Не знам што ќе правев без својот сопруг. Јас би била мртва, емоционално барем, ако не го
сретнев.

Тој е прекрасен“, изјави неодамна актерката.

„Таа е модел за имитација. Целиот свој живот учиме од неа и ја гледаме како се однесува – не само на сцената (ако успехот нејзин има тајна, не ни го споделила), но и во животот, како комуницира со луѓето“, рече 35-годишната Мами.

Двете дами не се само многу блиски, но се неверојатно слични. Ако видите слика од младата
Стрип, веројатно ќе мислите дека тоа е Мами.

 

 

 

Слични содржини