Меркел: Безбедноста на Израел ќе биде приоритет на секоја германска влада

од Vladimir Zorba
376 прегледи

Безбедноста на Израел ќе биде приоритет на „секоја германска влада“, рече денеска германската канцеларка Ангела Меркел за време на нејзината проштална посета на Израел.

Меркел дојде во осмата и последна посета на Израел пред да се повлече од политиката по 16 години како канцелар. Таа се сретна со израелскиот премиер Нафтали Бенет, а потоа ќе го посети Меморијалниот музеј на холокаустот „Јад Вашем“.

„По злосторствата против човештвото во Холокаустот, беше можно да се ресетираат и повторно да се воспостават односите со Германија. Сакам да ја искористам оваа прилика да нагласам дека темата за израелската безбедност секогаш ќе биде централна и ќе биде централна тема за секоја германска влада “, рече Меркел.

Бенет ја пофали Меркел за зајакнување на врските меѓу двете земји и рече дека тие „никогаш не биле посилни“. Тој ја опиша Меркел како „морален компас на Европа“ поради поддршката што му ја дава на Израел, пренесе АФП.

Пред посетата рече дека ќе разговара со Меркел за регионалната безбедност, и „особено за иранското нуклеарно прашање“.

Меркел првично планираше да дојде во август, но го одложи патувањето поради хаотичното повлекување на САД и нивните сојузници, вклучително и Германија, од Авганистан.

За време на нејзината посета на Израел, таа не планира да се сретне со лидерот на опозицијата Бенјамин Нетанјаху, иако интензивно соработуваше со него додека тој беше премиер од 2009 до 2021 година.

Слични содржини