Меркел до ЕУ- краен рок за решавање на бегалската криза е март!

од desk4
119 прегледи

Германската канцеларка Ангела Меркел им порача на партнерите од ЕУ дека големиот план за бегалската криза мора да заврши во март.

merkell

Доколку решението се развлече и после март, таа најавува дека Берлин ќе мора да продолжи со контролата на Шенген-границата и ќе мора да воведе “мини-Шенген”

Аналитичарите од Германија укажуваат дека Берлин околу себе ги собира богатите и стабилни членки на ЕУ, кои се подготвени за формирање на цврст сојуз околу еврото, што во превод значи нов почеток на “Европа со две брзини”.

Дел од експретите предвидуваат дека дури и ако “падне” Шенген зоната, нема да значи пад за еврото, бидејќи земјите членки кои го сочинуваат јадрото се единствените богати земји кои ја поседуваат оваа валута и имаат моќна економија, а Европската централна банка има огромни девизни резерви, но сепак би значело неминовно раслојување на ЕУ.

Според анализите, германската канцеларка Меркел би била повторно присилена да го повика турскиот премиер да дојде во Берлин и да му даде до знаење дека итно мора да почне примената на договорот со ЕУ кој предвидува запирање на приливот од мигранти преку Турција во Европа. Само на овој начин може да се добие ветената помош од три милијарди долари.

Свесна дека бегалската криза почна да прави дестабилизација внатре во ЕУ, канцеларката реши да ја измени од корен ситуацијата и да им зададе сериозни удари на терористите во Сирија и изврши сериозен разговор со американскиот претседател Барак Обама, по што од него доби ветување дека комплетно ќе помогне да се преброди тешката бегалска криза, оценуваат аналитичарите во Германија.