Германската канцеларка Ангела Меркел денес изјави дека Европската унија бара начин да го укине ветото на Унгарија и Полска за буџетот на 27-члениот блок, истовремено задржувајќи го механизмот за владеење на правото кој условува пристап до буџетските средства, пренесува Ројтерс.
Варшава и Будимпешта, кои се наоѓаат под лупа на ЕУ за наводно нарушување на независноста на судството и медиумите, ставија вето на буџетот на ЕУ и фондот за закрепнување, бидејќи се противат на тоа парите да се условуваат со почитување на владеењето на правото.
Во денешниот говор во долниот дом на Бундестагот, Меркел исто така соопштил дека пандемијата го нарушува балансот на светската економија, при што многу земји претрпеле економски пад поради корона-кризата.
Таа оценила дека оние економии што успеале да ја стават пандемијата под контрола се покажале како најотпорни.