Канцеларот на Германија Ангела Меркел проговори за прв пат по вчерашната стредба со Владимир Путин во Кремљ.
На неа присуствуваше и францускиот претеседател Франсоа Оланд. Во Москва тројцата разговараа заа мировниот план за Украина.

“Западот сака да гради безбедноста на Европа во соработка со Русија, а не против неа”, изјави денеска Меркел пред конференција за безбедност во Минхен, пренесоа светските медиуми.
Меркел рече дека решавањето на конфликтот во Украина е потребно како чекор од изградбата на “Голема Европа”. Според неа, земјата се придржува кон концептот за Европа од Лисабон до Владивосток. Канцеларот додаде дека безбедноста на Европа не може да се одвива без учество на Русија, а земјите од Западот не сакаат да работат за оваа сигурно, ако таа е насочена против Руската Федерација.
Меркел смета дека никој не е заинтересиран во усвојувањето на нови линии на поделба во Европа и дека евентуалните испораки на оружје во Украина само би ја комплицирала ситуацијата во регионот.
За време на конференцијата, командантот на силите на НАТО во Европа, генерал Филип Бридлав изјави дека Западот не треба да исклучува воена варијанта за решавање на кризата во Украина.
Бридлав прецизира дека станува збор за испраќање на воена сила како помош за Украина, а не за воена интервенција на Алијансата, јави Ројтерс. Според него планот на рускиот претседател Владимир Путин е “целосно неприфатлив”.