Меркел: Германија нема намера да воведе задолжителна вакцинација против Kовид

од Stefanija Kuzmanovska
162 прегледи

Германија нема намера да воведе задолжителна вакцинација против Ковид, изјави денеска германската канцеларка Ангела Меркел, пренесе АФП.

„Не мислам дека можеме да ја добиеме довербата на луѓето со промена на веќе кажаното, имено дека нема да има задолжителна вакцинација“, рече Меркел на прес-конференција во Институтот за инфективни болести Роберт Кох.

„Сепак, мислам дека можеме да добиеме доверба со промовирање на вакцинација и дозволување на што повеќе луѓе (…) да станат амбасадори на вакцината, потпирајќи се на сопственото искуство. Колку повеќе сме вакцинирани, толку сме послободни. Ќе бидеме“, категоричен беше германскиот лидер.

„Како канцелар, можам да рекламирам вакцинација со длабоко убедување. Сепак, знам дека понекогаш е повлијателно вашиот сопствен син да ги разбие сомнежите или некој колега да го сподели своето лично искуство со вакцинација“, рече Меркел.

Канцеларката советуваше дискусии дома, на работа, во фудбалски клубови и секаде на друго место каде што луѓето знаат и веруваат едни на други за да можат да се уверат оние кои се сомневаат во вакцините.

Германија регистрираше 646 нови случаи на инфекција со коронавирус во последните 24 часа, објави денес Институтот Роберт Кох, цитиран од Ројтерс.

Вкупниот број на заразени е веќе 3.737.1355. Во последните 24 часа во Германија се регистрирани 26 нови смртни случаи. Вкупниот број на смртни случаи е веќе 91.259.

Слични содржини