Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел ги призна грешките во однос на одбранбената политика, пред се, како што вели, бавноста во реагирањето на „агресивноста на Русија“.
Меркел изјави за „Цајт“ дека, и покрај соодветните барања на НАТО, не успеала да добие зголемување на воениот буџет на два отсто од БДП.
„ЦДУ и ЦСУ беа единствените кои воопшто го имаа тоа во својата програма. Но, секако требаше побрзо да реагираме на агресивноста на Русија“, рече таа.