Меркел го изнесе својот став во однос на Русија: „Треба да разговараме“

од Stefanija Kuzmanovska
165 прегледи

Германската канцеларка Ангела Меркел смета дека е потребно да се продолжи дијалогот со Русија, и покрај постоечките разлики во односите со таа земја.

Канцеларката Меркел го кажа тоа преку видео конференција во своето обраќање за време на пролетната сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа.

– Треба да разговараме едни со други, рече канцеларката, додавајќи дека во моментов има „многу конфликти кои ги комплицираат односите со Русија“, пренесува руската агенција ТАСС.

– Во случајот на Украина и анексијата на Крим, Германија и Франција создадоа формат од Минск како долгорочен механизам во кој ги поддржуваме украинските интереси, рече канцеларката.

Според неа, ситуацијата во источна Украина е многу напната, особено во светло на концентрацијата на руските трупи на украинската граница.

-Треба да го продолжиме дијалогот, рече Меркел.

Слични содржини