Германската канцеларка Ангела Меркел денеска го повика Израел да не ја „изгуби од вид“ потребата од формирање палестинска држава, на крајот од дводневната проштална посета.
Говорејќи во израелски истражувачки центар, Меркел ги поздрави историските дипломатски договори постигнати минатата година меѓу Израел и четири арапски земји – предводени од Обединетите Арапски Емирати – но рече дека договорите, познати како Абрахамскиот договор, не ја бришат потребата Израел да постигне мировен договор со Палестинците, пренесува АП.
„Не смееме да го изгубиме од вид правото на Палестинците да имаат шанса за живот. Затоа под никакви околности, дури и кога станува се потешко поради спогодбата, не смееме да го изгубиме од вид прашањето за решение за две држави“, рече Меркел на панелот во Институтот за национални безбедносни студии во Тел Авив.
Поддршката на Меркел за одлуката за формирање две држави беше една од клучните „спорни точки“ со израелското раководство за време на нејзиниот 16-годишен мандат, наведува АП.