Меркел ја прими вакцината на Модерна по првата доза на АстраЗенека

од Stefanija Kuzmanovska
158 прегледи

По вакцината на АстраЗенека во април, германската канцеларка Ангела Меркел сега ја прими вакцината на Модерна како втора доза, изјави портпаролот на владата, пренесува Al Jazeera English.

66-годишната Меркел ја прими првата доза на вакцина на АстраЗенека во април, повеќе од две недели откако германските власти препорачаа вакцината да се користи кај луѓе над 60 години.

Милиони дози на вакцина на АстраЗенека секако се користени во Европа, но останува загриженоста за редок вид на тромб што се случил кај екстремно мал број луѓе кои примиле вакцина. Како резултат, голем број луѓе во раните приоритетни групи – поради нивната возраст или здравствена состојба – ја одложија вакцинацијата со АстраЗенека, претпочитајќи да чекаат друга вакцина.

Слични содржини