Меркел: Коронавирусот би можел да погоди 19.200 луѓе на ден, мора да ги утврдиме приоритетите

од Stefanija Kuzmanovska

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска му порача на раководството на нејзината партија дека коронавирусот би можел да погоди 19.200 луѓе на ден доколку продолжи сегашниот тренд, но исто така истакна дека економијата мора да продолжи да работи, објави германскиот весник „Билд“.

Најпродаваниот германски дневен весник, кој не го цитираше изворот на информацијата, ја цитираше Меркел дека инфекциите мора брзо да се контролираат и дека мора да се интервенира.

„Мораме да ги утврдиме приоритетите, имено, функционирањето на економијата и училиштата и градинките“, истакна Меркел, пренесе „Ројтерс“.

„Фудбалот засега е секундарен во однос на тоа“, додаде таа, објави весникот.

Слични содржини