Соборувањето на рускиот воен авион од Турција го отежнува процесот за изнаоѓање политичко решение во Сирија и треба да биде направено се што е можно за да се избегне понатамошна ескалација. Ова го изјави во говорот во Бундестагот германската канцеларка Ангела Меркел, цитирана од агенциите.

“Соборувањето на рускиот авион од Турција ја влоши ситуацијата (во Сирија)”, рече Меркел. “Мораме да сториме сé за да избегнеме ескалација”.
Бомбаш самоубиец го извел нападот на воениот автобус во Тунис
Таа додаде дека секоја земја има право да ја брани својата територија, но дека од друга страна е познато колку напната е ситуацијата во Сирија и регионот . “Вчера разговарав со турскиот премиер и го повикав да стори сé за деескалирање на ситуацијата”, посочи уште таа, цитирана од светските агенции.