300
Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел му порача на рускиот претседател Владимир Путин дека војната во Украина е „голема грешка“.
„Тоа е брутален напад, кој го крши меѓународното право и за кој нема оправдување“, рече Меркел во разговор со новинарите во ансамблот Берлинер.
Поранешната германска канцеларка нагласи дека не го дели мислењето на Путин дека Западот постојано ја понижува Русија, но знаела дека тој така мисли.