МЕРКЕЛ НА ГОСТИ КАЈ ПУТИН: Опасноста од нова бегалска криза една од главните теми на разговор

од Vladimir Zorba
284 прегледи

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска пристигнува во проштална посета на рускиот претседател Владимир Путин.

Во пресрет на нејзиното пристигнување во Русија, Меркел се подготви за нова приоритетна тема за разговори со Путин, а тоа е ситуацијата во Авганистан и опасноста од нов голем бран бегалци од таа земја што може да создаде големи проблеми за европските земји.

Пред да пристигне во Москва, Меркел призна дека повлекувањето на американската војска и сојузниците од Авганистан предизвикало домино ефект и дека сега треба тесно да соработува со Русија за да спречи нова бегалска криза. Истиот став го има и францускиот претседател Емануел Макрон.

Досега, Меркел често укажуваше дека ниту еден голем регионален проблем не може да се реши без вмешаност на Русија.

Освен Авганистан, решавањето на проблемот со Донбас е на дневен ред. Меркел и Макрон се залагаат за реализација на договореното од Минск, според кои жителите на Донбас би добиле одредена автономија. Сепак, украинското раководство, под притисок на локалните националисти, не сака да му даде никаква автономија на Донбас, туку ги негира правата на Русите, кои живеат во таа земја.

Во недела Ангела Меркел ќе отпатува за Киев, каде што ќе разговара за тоа со Зеленски. Таму се лути на германската канцеларка, бидејќи таа не го спречи завршувањето на „Северен тек-2“ и, како што велат во Киев, повеќе размислувала за германските интереси за да добие поевтин гас.

Во текот на 16 -те години од нејзиното владеење, германската канцеларка ја посети Русија 19 пати. Во последните осум години, Меркел и Путин разговараа по телефон дури 67 пати.
Заради споредба, во последните три години од владеењето на американскиот претседател Трамп, Меркел разговараше со него по телефон само 10 пати. Таа првпат се сретна со Путин во 2001 година, додека се уште беше лидер на опозицијата во германскиот парламент.

Додека другите беа воодушевени од говорот на Путин на германски јазик во Бундестагот, Меркел беше скептична и рече дека станува збор за говор на типичен поранешен член на КГБ. Таа стана канцелар во 2005 година и оттогаш нивните состаноци и телефонски разговори станаа почести.

Меркел е родена во Источна Германија и добро зборува руски. Поради тоа, таа многу подобро ги разбира руските политичари, иако не може да се каже дека била наклонета кон Русите.

Таа се приклучи и на американската војна со санкции против Русија, што, да бидеме искрени, не го донесе ефектот што го сакаа и очекуваа во Вашингтон.

Слични содржини