Меркел: Одлуката да не се прими Украина во НАТО во 2008 беше правилна

од Nikola Popovski
346 прегледи

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел смета дека била правилна одлуката да не се прими Украина во НАТО во 2008 година.

– Поранешната канцеларка д-р Ангела Меркел ги почитува одлуките во врска со самитот на НАТО во Букурешт во 2008 година, изјави портпаролката на Меркел за агенцијата ДПА.

Според одлуката на самитот, НАТО ја поздрави желбата на Украина и Грузија за влез во Алијансата и ги поддржа кандидатурите на овие земји за приклучување кон Акцискиот план за подготовка за членство во НАТО.

Според портпаролката, Меркел „се држи до своите одлуки поврзани со самитот на НАТО во Букурешт во 2008 година“.

Тогаш НАТО, во однос на ставот на Германија и Франција, не достави акционен план до Украина во подготовката за членство во Алијансата.

Слични содржини