Меркел и Оланд итно-вонредно во Киев и Москва како засилување на Кери

од desk3
98 прегледи

Францускиот претседател Франсоа Оланд и германската канцеларка Ангела Меркел ќе патуваат вонредно денес до Киев и во Москва за разговори на највисоко ниво за да се направи нов предлог во обид да ја решат кризата во Украина, изјави Оланд, цитиран од “Ројтерс”.

hollande-merkel-accolade-ouv

“Заедно со Ангела Меркел решивме да преземеме нова иницијатива”, изјави Оланд на прес-конференција. “Ние ќе направиме нов предлог за решавање на конфликтот, што ќе биде заснован на територијалниот интегритет на Украина”, истакна францускиот претседател.

Како знак за важноста на иницијативата и итноста на ситуацијата, ова ќе биде прва посета на Меркел во Москва откако конфликтот во Украина изби пред околу една година.

Потсетуваме државниот секретар на САД Џон Кери исто во моментов е во Киев, за да биде поддршка на владата.

“Со оглед на ескалацијата на насилството во изминатите денови, канцеларката и претседателот Оланд ги засилуваат напорите за мирно решавање на конфликтот во источна Украина”, истакна портпаролот на германската влада Штефан Зајберт.