Меркел: Претстои тешка зима, луѓето нема да можат да се гледаат како порано

од Vladimir Zorba
278 прегледи

Германската канцеларка Ангела Меркел предупреди во саботата дека претстои тешка зима, две недели откако беше воведено едномесечно делумно затворање на земјата за да се намали бројот на заразени од коронавирус.

„Зимата што доаѓа ќе биде предизвик за сите“, рече Меркел во нејзиниот неделен подкаст.

Во Германија, делумното затворање на земјата се спроведува веќе две недели во борбата против ширењето на коронавирусот.

„Вирусот ќе продолжи да доминира во нашите животи уште некое време“, рече Меркел, додавајќи дека ова значи дека луѓето нема да можат да се гледаат како порано.

Нејзините коментари уследија пред закажаниот состанок во понеделник на кој федералните власти ќе ја проценат ефективноста на делумното затворање на Германија.

Баварскиот премиер Маркус Зодер рече дека нема да попушти пред мерките барем до крајот на месецот и не ја исклучи можноста за построги мерки во декември.

„Дали ќе треба да се продолжи (затворање) – можно е, ќе видиме. Ако треба да се направи повеќе, ќе одлучиме за сето тоа“, рече Зодер.

Во меѓувреме, во саботата беа одржани неколку демонстрации против мерките низ целата земја, вклучително и во Карлсруе, Регенсбург и финансискиот центар Франкфурт.

Германија потврди 22.461 нов случај на коронавирус во саботата, а 178 лица починаа, објави државниот центар за контрола на болести.

Вкупно 773.556 лица беа потврдени дека имаат инфекција со коронавирус во оваа земја, а 12.378 починале.

Слични содржини