Германскиот канцелар Ангела Меркел пристигна денеска во посета на Турција. Таа ќе се сретне во Истанбул со претседателот Реџеп Ердоган и премиерот Ахмет Давутоглу. Во фокусот на разговорите ќе бидат ситуацијата во Сирија и миграциска криза во Европа.
Германија е подеднакво вознемирена и од двата проблема. Меркел ја нарече Турција “клучна држава” во намалувањето на бегалскиот поток. ЕУ сака оваа земја да ги регистрира бегалците тука и да им го , препречи патот кон Европа – нешто за што се потребни пари од Брисел. Во рамките на последниот самит во Брисел се споменуваше сума од 3 милијарди евра, но немаше потврда дека такви средства, всушност, ќе бидат доделени. Според набљудувачите, Меркел ќе разговара со партнерите во Истанбул токму за прашањето за тоа финансирање. Нема да биде заборавено и прашањето за човековите права во Турција, вети Меркел пред посетата. / ТАСС