Меркел првпат за ситуацијата во Авганистан: „Да се фокусираме на спасување“

од Stefanija Kuzmanovska
135 прегледи

Германската канцеларка Ангела Меркел зборуваше за ситуацијата во Авганистан.

Во седиштето на Демохристијанската партија, Ангела Меркел изрази загриженост за луѓето во Авганистан, откако Талибанците де факто ја презедоа контролата врз целата земја.

– Доживуваме тешки часови, сега треба да се фокусираме на спасување – рече таа.

Меркел ја коментираше и ситуацијата на аеродромот во Кабул, нагласувајќи дека безбедноста е можна само со американски војници и дека тоа покажува „што можеме, а што не можеме“.

Канцеларката нагласи дека одлуката за повлекување од Авганистан ја донеле Американците, пренесува Билд.

Посочи дека одлуката е донесена од внатрешно-политички причини.

– Имаше домино ефект по повлекувањето на силите – изјави Меркел во првата изјава поврзана со ситуацијата во Авганистан.

Таа се осврна и на можниот бран бегалци од Авганистан, додавајќи дека сега зависи од Талибанците и ситуацијата на границите дали Авганистанците ќе можат да ја напуштат својата земја.

Нагласи дека во интерес на Германија е Авганистанците да се снабдуваат на лице место и посочи на потребата од тесна соработка со Турција.

Слични содржини