Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел оцени дека постои можност рускиот претседател Владимир Путин чекал таа да ја напушти власта за да изврши инвазија на Украина.
„Можеби моето заминување беше придонес за тоа, како што се изборите во Франција и повлекувањето на војниците од Авганистан и застојот во преговорите во Минск“, објасни Меркел во интервју за германската уредничка мрежа „РНД“. .
Меркел изјави дека нејзиното влијание врз Путин, непосредно пред крајот на нејзиниот мандат, исчезнало.