Меркел разговарала со Борисов: Ќе има решение за С.Македонија во блиска иднина

428 прегледи

Германската канцеларка, Ангела Меркел, одговарајќи на пратеничко прашање во Бундестагот, посочи дека очекува надминување на бугарската блокада на С. Македонија во блиска иднина. Пратеникот Крихбаум пак, смета дека Бугарија ја злоупотребува својата позиција.

Во рамки на прашањето од Крихбаум и констатацијата за тоа дека уште една злоупотреба била забележана на позицијата од земја членка, кон С.Македонија која е земја кандидат, а на која и беа наметнати билатерални барања, Меркел вели:

„Уште еднаш разговарав со бугарскиот премиер Бојко Борисов и се надевам дека овие прашања ќе се надминат во блиска иднина“.

Инаку, во интервју за Дојче веле, германската амбасадорка во Скопје, Анке Холштајн вчера најави дека темата за проширувањето и дефинитивно веќе се сели во рацете на следното португалско претседателство со ЕУ, а потоа и на словенечкото.

Исто така, Холштајн и честиташе на македонската влада на однесувањето во последните месеци, и беше критична кон ЕУ поради неисполнетото ветување кон Скопје.

Слични содржини