Германската канцеларка Ангела Меркел сака да спроведе постепен план за укинување на ограничувањата поврзани со зголеменото тестирање, изјавија двајца учесници на состанокот на раководството на Управниот одбор на нејзиниот Христијанско-демократски сојуз.
Меркел сака повторно да отвори делови од општеството во три фази, почнувајќи од проширување на бројот на лични контакти, потоа отворање училишта и трето – отворање спортски сали и ресторани, изјавија учесниците, објави „Ројтерс“.
Германија ги продолжи ограничувањата до 7 март со цел да се потисне ширењето на коронавирусот, иако основните училишта и градинките денес започнаа со работа во 10 германски провинции, а фризерските салони треба да ги отворат вратите следната недела.
Бројот на нови дневни инфекции стагнира во текот на изминатата недела со седумдневна стапка на инциденца што се движи околу 60 случаи на 100.000 жители.
Бројот на лица заразени со ковид-19 во изминатите 24 часа во Германија е 4.369, додека истовремено биле регистрирани 62 смртни случаи.