195
Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел предупреди дека зборовите на рускиот претседател Владимир Путин треба да се сфатат сериозно.
Меркел во својот говор на свеченото отворање на фондацијата Хелмут Кол нагласи дека тоа експлицитно се однесува на нуклеарните закани на Путин.
„Сфатете ги зборовите сериозно. Немојте веднаш да ги отфрлате како блеф, туку сериозно соочете се со нив. Тоа не е знак на слабост, туку доказ за политичко паметно дејствување“, порача таа.