Германската канцеларка Ангела Меркел следниот петок ќе отпатува за Москва, каде што ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин.
Ова денеска го потврди нејзиниот портпарол Стивен Зајберт.
Тој додаде дека два дена подоцна, во недела, Меркел ќе ја посети Украина.