Германската канцеларка Ангела Меркел денеска им соопшти на своите сопартијци дека постојните рестриктивни мерки во Германија нема да бидат доволни за земјата да ја преживее зимата, изјавија учесниците на состанокот.
„Потпирање на надеж нема да ни помогне“, им рече таа на пратениците за време на дебатата за зголемениот број на случаи со коронавирус во Германија, споделија учесниците на состанокот, цитирани од Ројтерс.
Според неа, ситуацијата станува многу сериозна и постојните мерки нема да бидат доволни за земјата да ја преживее зимата, учесниците ги пренесоа зборовите на германскиот канцелар, имплицирајќи дека ќе биде потребно да се засилат ограничувањата.
Делумното заклучување и социјалното растојание што е во сила од почетокот на ноември во Германија го забавија, но не го запреа ширењето на заразата, наведува агенцијата.