Мерко пак под лупа на ОЈО: Доби уште две обвиненија поради незаконско именување на в.д. директори на училишта

од Илинка Илиоска
688 прегледи

Во текот на последните два месеци, струшкиот градоначалник Рамиз Мерко се соочува со четири обвиненија, вклучително и со две за кои денеска извести Јавното обвинителство. Обвинителството поднесе две обвиненија против Мерко за незаконски вработувања и поставувања на директори во училиштата низ општината.

Според информациите од Јавното обвинителство, обвиненијата се поврзани со злоупотреба на службената должност и фалсификување на документи. Во еден од случаите, обвинението вклучува четири лица, меѓу кои и наставничка по француски јазик од Велешта, кој е обвинет за користење на фалсификувани документи за полагање на стручен испит. Останатите обвинети се градоначалникот Мерко и двајца вработени во училиштето, кои прифатиле фалсификуваните документи и ја вработиле наставничката, која подоцна била именувана за в.д. директор на училиштето.

Во друг случај, Мерко е обвинет за незаконско именување на в.д. директор на училиште во селото Подгорци, каде што именуваното лице не ги исполнувало законските услови за работно искуство. Обвинителството информира дека лицето неовластено ја извршувало функцијата на директор.

Покрај овие случаи, Мерко е обвинет и за набавка на луксузно возило на трошок на општината, додека општината била во долгови. Судењето за овој случај беше одложено поради неприсуство на градоначалникот и неговиот адвокат. Дополнително, Мерко е обвинет за незаконско именување на в.д. директор на училиште во Лабуништа пред две години.

Мерко, кој е на црната листа на САД поради вмешаност во корупција, се соочува со сериозни обвиненија кои го ставаат под зголемен притисок.

Слични содржини