Меркурис: Зеленски им ја откри на Русите локацијата за изработка на поморски дронови

Според тврдењата на британскиот експерт Александар Меркурис, цел на рускиот напад на Одеса не биле Зеленски и Мицотакис, туку тајна украинска база

од Бети Божиноска
254 прегледи

Што точно беше целта на руските ракетни напади на Одеса во текот на сребата на украинскиот претседател Володимир Зеленски и грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис? Според тврдењата на британскиот експерт Александар Меркурис, цел на нападот не биле двајцата политичари туку тајната база во која се подготвуваат беспилотните чамци за напади на Крим, ќија локација ја открил Зеленски во текот на посетата на Одеса, пишува „Политика“.

„Денеска го видовме овој напад. Гледате со кого си имаме работа, не им е гајле каде ќе удрат. Знам дека денеска имаше жртви, не ги знам се уште сите детали, но знам дека има мртви и повредени,“ изјави Зеленски во таа пригода.

Од Киев сооптшија дека Зеленски и Мицотакис вршеле инспкција на силосите за жито во црноморскиот град кога Русијапочнала напад на тамошната пристанишна инфраструктура. Официјална Москва го потврди нападот на Одеса, но демантираше дека негова цел биле Зеленски и Мицотакис.

„Руските вооружени сили изведоа високопрецизен ракетен напад на хангар во индустриската ористанишна област на Одеса, каде што се вршеа подготовки за борбена употреба на беспилотните чамци на Вооружените сили на Украина,“ соопшти руското Министерство за одбрама, посочувајќи дека била постигната целта на нападот и дека објектот е погоден.

Меркурис тврди дека била погодена тајна локација на која се правени подводните дронови со кои украинските ја напаѓаат руската Црноморска флота.

„Зеленски при посетата на Одеа ја откри локацијата на тајната база во пристанишниот дел на градот во која се подготвуваат беспиотните чамци на Вооружените сили на Украина. Русите го следеа неговото движење, така ги дознаа кооринатите и потоа нападнаа,“ изјави Меркурис.

Зеленски отишол во тајната база наводно за да им врачи награди на операторите на поморските дронови и така ги открил координатите на локацијата.

Една недела пред овој напад, официјален Киев соопшто дека украинските поморски дронови на Главната дирекција за разузнавање при Министерството за одбрана потопиле еден од патролните бродови на руската Црноморска флота близу крајбрежјето на Крим.

Поради оваа постапка, според мислењето на британскиот аналитичар, постои сериозна загриженост кај Западот дека однесувањето на Зеленски би можело да ја загрози тајноста и безбедноста на воените објекти во кои ја испраќаат воената опрема.

Слични содржини