Мермерен звучник за мобилни телефони

од Vladimir Zorba
103 прегледи

22

На прв поглед, овој мермерен предмет наликува на едноставен држач за мобилниот уред. Но, всушност, станува збор за нешто сосема поинакво и поиновативно. Именуван „Ovo“, исклучителниот елемент е аналоген звучник за мобилен телефон. Специјално е дизајниран само за последните верзии на телефоните на „Apple“: „iPhone 5s“, како и за поновите модели на „iPhone 6“.

1262Предметот го изработува занаетчиската компанија, специјализирана за обработка на камен, „Monitillo Marmi“. Изделкан е од само едно парче мермер „Cararra“, со специјална автоматска машина за сечење камен. Интересната форма дозволува предметот да може да се постави и да се користи и во хоризонтална и во вертикална позиција. Изгледот и начинот на изработка покажуваат дека предметот ги спојува во едно традицијата и иновацијата, дигиталниот и аналогниот свет.

425232Едно сосема обично парче камен, мермер, кое личи како нешто што може да го најдете на плажа, во суштина е мал генијален хај-тек изум. Без разлика на неговата компактна големина, геометријата на предметот значително помага за квалитетен, силен звук. Во составот на звучникот не се вклучени никакви електронски делови и тој работи исклучиво со автоматско ширење на звукот, со што, наместо прекумерно, достигнува пријатно и квалитетно ниво на звукот.

ovo-speaker-by-monitillo-marmi-e1419167817953