„Мерцедес“ против „Тесла“: Германците сакаат да го преземат тронот (видео)

од Nikola Popovski
416 прегледи

„Мерцедес“ подготвува нов електричен модел, кој треба да дебитира на 15 април, а се очекува да го преземе тронот од „Тесла“ како целосно електрично возило со најголем дострел.

Моделот EQS, кој прв ќе биде претставен, е едно од осумте електрични возила што германската компанија има намера да ги произведува од 2022 година на три континенти, изјави за „Блумберг“ генералниот директор на „Мерцедес Бенц“, Маркус Шефер . „Мерцедес“ досега честопати беше критикуван за неговиот конзервативен пристап, бидејќи досега тие не ја прифатија технологијата на електричните автомобили.

„Ја зголемивме флексибилноста на сите фабрики ширум светот за да можеме да произведуваме електрични и хибридни возила во сите нив, покрај оние со класични мотори со внатрешно согорување. На овој начин, ние ги следиме барањата на нашите клиенти и развојот на пазарот. Ни требаше време да се подготвиме, но сега сме целосно спремни“, изјавил Шефер.

Германската компанија има намера да го произведе моделот EQS, кој во лабораториски услови достигна автономија над 700 километри со едно полнење. Тоа далеку би го надминало претходниот рекордер, најлуксузната варијанта на „Tesla Model S“, кој според американските регулатори има автономија од 407 милји, или 655 километри.

Покрај моделот EQS, „Мерцедес“ планира да претстави уште еден EQE седан во 2021 година, како и компактните модели EQA и EQB.

Слични содржини