Месен ролат во сос од домати

од Stefanija Kuzmanovska
305 прегледи

Состојки:

– 600 гр мелено месо

– 80 гр презла

– 2 кромида

– 2 лукчиња

– 1 црвена пиперка

– ½ китка магдонос

– 2 јајца

– 3 лажици млеко

– сол и бибер

– црвен пипер, оригано

– 500 мл сок од домати

– грст чери домати

Подготовка:

Прелијте ја презлата со млекото, па измешајте со рендан кромид. Кога ќе се впие целата течност, во садот додајте го меленото месо, ситно сечканата свежа црвена пиперка, две јајца, ситно сечканиот магдонос и зачините.

Повторно соединете ги состојките со раце, а потоа обликувајте го месниот ролат во калап. Ролатот се пече околу 20 минути во рерна загреана на 200 степени.

За сосот пропржете ги кромидот и лукот, додајте сечкани домати и доматен сок. Варете и зачинете по вкус. Месото прелијте го со сосот, па повторно ставете го во рерна уште десетина минути да се запече.

Слични содржини