335
Натпреварот помеѓу Барселона и Ваљадолид во рамките на 29. коло во ЛаЛига беше многу бурен.
Блауграна славеше со 1: 0, а натпреварот го одбележа и судијата Латре, кој најпрво го исклучи гостинскиот играч, а потоа не успеа да досуди фаул од Џорџо Алба на почетокот на акцијата за победнички погодок на Каталонците.
Сепак, камерите забележаа и еден детал по крајот на полувремето, кога Меси имаше забелешки на судењето.
“Тој сака да ми даде жолт картон по секоја цена. Уф, неверојатно”, му рече Меси на делегатот додека одеше кон соблекувалната.
Да добиеше жолт картон, Меси немаше да игра на претстојното Ел Класико, кое е закажано за во сабота.