Меси на прославата за „Златната топка“ ги покани сите играчи на ПСЖ – освен еден

од Vladimir Zorba

Лионел Меси во понеделникот во Париз ја освои седмата „Златна топка“, која се доделува од страна на „Франс Фудбал“. Тој заврши пред Роберт Левандовски и Жоргињо.

По доделувањето на наградата, Аргентинецот приреди забава во близина на Ајфеловата кула, на која беа поканети соиграчите од ПСЖ со своите сопруги. На забавата не беа присутни Мауро Икарди и Ванда Нара.

Аргентинските медиуми пишуваат дека Меси не ги повикал Икарди и Нара.

„Икарди не беше поканет на прославата на „Златната топка“ на Меси“, напиша ТВ водителот Анхел Брито на Твитер.

Икарди сепак им честиташе на колегите од ПСЖ. На Инстаграм објави честитка до Меси и најдобриот голман, според „Франс Фудбал“ – Џанлуиџи Донарума.

Да потсетиме, Икарди и Нара имаа големи брачни расправии. Во средината на октомври, Ванда го обвини својот сопруг дека ја изневерува, објавувајќи ја целата сапуница на Инстаграм.

Таа напиша: „Уште уште едно семејство што го уништи поради кур*а“. По неколку турбулентни недели, парот се смири.

Слични содржини