Меси со прв тренинг за ПСЖ, на ова се чекаше долго време (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Лео Меси во средата потпиша договор со Пари Сен Жермен, а веќе денес го одработи својот прв тренинг со новите соиграчи, кои сите го прифатија брилијантно – па и Килијан Мбапе.

Без оглед на тоа што Меси е на одмор од освојувањето на Копа Америка, а претходната недела повеќе ја помина на Ибица отколку со топка, тој веднаш покажа дека е мајстор. Сепак, ќе му треба извесно време да влезе во форма, доволно за да не ризикува повреда.

„Не знам кога ќе бидам подготвен …“, рече Меси, но судејќи според ракувањето со топката на тренингот – многу брзо.

Прво, Меси правеше поздодевни работи – правеше спринтови, а потоа конечно доби шанса да ја „почувствува“ топката, а тука беа и неговите добри познаници Ди Марија и Нејмар кои веднаш го фрлија во „игра“.

Погледнете како изгледаше првиот тренинг на Меси во друг клуб, без Барселона.

Слични содржини