Меси: Свесен сум дека се ближи крајот на мојата играчка кариера

од Stefanija Kuzmanovska
298 прегледи

Фудбалерот на Пари Сен Жермен и аргентински репрезентативец, Лионел Меси, изјавил дека е свесен дека се ближи крајот на неговата играчка кариера, пренесуваат француските медиуми.

Меси (35) со Аргентина ќе се обиде да го освои Светското првенство во Катар, бидејќи тоа е единствената титула што му недостига на фудбалерот на Пари Сен Жермен.

Тој минатата година пристигна во ПСЖ од Барселона, а најверојатно по Светското првенство ќе одлучи каде ќе ја продолжи кариерата.

Меси има договор со ПСЖ до крајот на сезоната, но се уште не одлучил каде ќе ја продолжи кариерата.