Месото и месните производи ќе поскапат

од Vladimir Zorba

Трендот на поскапување на храната нема да го заобиколи местото и месните производи. Нова цена веќе имаат пилешкото и говедското месо а кај свинското месо корекцијата е во минимални граници. Од месната индустрија и кланица МИК Свети Николе за „Локално“ велат дека месото допрва ќе поскапува. “Се очекуваат корекции до крајот на годинава, но за колку ќе зависи од повеќе фактори.Споредба не може да се прави со минатата година бидејќи тогаш имавме втор бран Ковид и сеуште имаше ограничувања, вели Гоце Трајчев од МИК.

Во моментов 1 кг јунешки бут на пазарот чини 510 денари но цената уште ќе се зголемува.Килограм свинско  прва категорија пак се продава за 310 денари.

Во насока на ублажување на влијанието на причините за поскапување на производството на месо и месни преработки, како што е нагорната тенденција на цената на електричната енергија, се поскапите суровини, и економското опкружување, месната индустрија вели Трајчев веќе побарала помош од Владата. Очекуваат тие да бидат прифатени за да не се соочат со пад на производството, затворање на погоните и откази за вработените.

Ние не бараме помош туку изедначување на условите на стопанисување додава тој, бидејќи сувомеснатите производи се увезуваат без давачки а за суровината која се увезува месните индустрии плаќаат царина од 20-35 %.

„Секоја прифатена мерка за нас ќе биде добредојдена бидејќи ќе значи опстанок на компанијата и можност за продолжена борба против увозната конкуренција.Со години наназад укажуваме дека мора да имаме трајно решение.Барем да добиеме на една година ослободување на 50% од потребните количини на суровините.Всушност за толку би било и дополнителното покачување на цената доколку предлогот не се прифати.Ако оваа мерка не биде прифатена , домашните месни капацитети ќе се соочат со опаѓање на потрошувачката и обемот на работење при што би имало и дополнително затворање на капацитети и зголемување на невработеноста, дециден е Трајчев.

Од МИК уверуваат дека нема простор од недостиг на месо и месни преработки но цените со сигурност ќе одат само нагоре.

К.В.С.

Слични содржини