Европската унија го загуби своето клучно достигнување. Договорот со Турција е најсрамното нешто што сме го виделе во современата европска политика, пишува весникот “Фајненшл тајмс”.
“На денот кога лидерите на ЕУ потпишаа договор, турскиот претседател Реџеп Ердоган ги откри своите вистински погледи: демократија, слобода, владеење на правото? За нас овие зборови веќе немаат никаква вредност “. Во овој момент, Европскиот совет мораше да стави крај на разговорот со турскиот премиер Ахмет Давутоглу и да го испрати дома, пишува весникот.

eu
Но, наместо тоа, водачите на ЕУ постигнаа договор со него, обезбедувајќи пари и многу други бенефиции во замена за помош во бегалската криза. “и тоа со земја чие раководство штотуку ја отпишува демократијата. во овој ден ЕУ не само си ја продаде душата, но склучи и наповолен договор”, додава весникот. Според написот не може да се процени дали договорот е во согласност со Женевската конвенција или други елементи на меѓународното право.

Должнички ризик

“Прифаќаме дека Европскиот совет може да гарантира дека сето тоа би добило судско одобрение. Дури и да е легално, сепак се остануваат сомнежите дали е можно. Интересно е дали ЕУ ќе се откаже од ветувањата кон Турција, ако Анкара не ги исполни своите “, се наведува во коментарот, според кој дури и да биде целосно исполнет, договорот не ја олеснува многу ситуацијата.”
Очекуваниот број бегалци, кои се обидуваат да стигнат до ЕУ постојано надминува 72 000 лица, што е договорено со Турција “, се додава во статијата.

erdogan

Натаму во текстот се потсетува дека затворањето на балканскиот пат даде краток здив на земјите од Северна Европа, но се уште има голем број на алтернативни патишта кои бегалците можат да ги користат. “Затворањето на границите не го намалува протокот на бегалци, туку само го пренасочува. Ова е класичен пример за пренос на даден проблем на некој друг. Едностраните решенија за затворање на границите на крајот ќе доведат до тоа Шенген зоната да се претвори во мал клуб од северноевропейски земји, најверојатно модел за идната еврозона. Ова ќе да биде првиот чекор кон поделба на ЕУ, се вели во текстот.
Според “Фајненшл тајмс” договорот со Турција ќе се одрази и на дебатите за британскиот референдум за “Брекзит”. “Дали кампот кој го поддржува излезот на земјата од ЕУ нема да се изјасни против патувањето без визи на 75 милиони Турци?” Секој човек, загрижен за демократијата и човековите права, ќе жали за овој договор “, пишува весникот.

“Истото би го помислил и секој кој се плаши од германската доминација во ЕУ, со оглед на тоа дека договорот беше инициран од Ангела Меркел. Германскиот канцелар имаше итна потреба од него, за да се извлече од тешкотиите во кои таа самата се стави. Токму нејзиното еднострано решение да ги отвори границите на Германија ја претвори бегалската криза од лесно решиме во ситуација која не може да се контролира “, забележува весникот.

Слични содржини