Сопственикот на Фејсбук, компанијата Мета е казнета со „значителна“ сума поради непочитување на наредбата на турските власти за ограничување на содржината за протестите во земјата, изјави портпаролот на компанијата за „Политико“.
Турската влада побара да се „ограничи социјалните мрежи“ за споделување информации за широко распространетите протести кои уследија по апсењето на главниот политички ривал на претседателот Реџеп Тајип Ердоган, градоначалникот на Истанбул Екрем Имамоглу.
„Се спротивставивме на барањата на турската влада за ограничување на содржината што е јасно од јавен интерес, и како резултат на тоа бевме казнети“, рече портпаролот на Мета, одбивајќи да ја прецизира висината на казната.
Тој додаде дека „сериозните барања на владата да се ограничи слободата на говорот на Интернет“ и дека „заканите за исклучување на услугите на Интернет имаат застрашувачки ефект врз способноста на луѓето да се изразат“.
Социјалната мрежа „X“, во сопственост на Илон Маск, суспендираше неколку профили на новинари и опозиционери по избувнувањето на граѓанските немири.
Во 2024 година, Мета примила 5.677 барања од турските власти за отстранување на содржината, од кои 4.199 дошле од главниот орган за комуникации на државата, според извештајот за транспарентност на Мета.