Мета ги надмина очекувањата и најави успешен прв квартал за 2026 година, акциите скокнаа за 10%

Акциите на американската технолошка компанија Мета во еден момент скокнаа за 10 проценти откако компанијата ги објави резултатите за четвртиот квартал од 2025 година кои ги надминаа пазарните очекувања и презентираа оптимистичка прогноза за приходите за почетокот на 2026 година

од Vladimir Zorba
3 прегледи

Акциите на американската технолошка компанија Мета во еден момент скокнаа за 10 проценти откако компанијата ги објави резултатите за четвртиот квартал од 2025 година кои ги надминаа пазарните очекувања и презентираа оптимистичка прогноза за приходите за почетокот на 2026 година.

Мета оствари заработка по акција од 8,88 долари во четвртиот квартал од 2025 година, над проценките на аналитичарите од 8,23 долари, додека приходите достигнаа 59,89 милијарди долари, во споредба со очекуваните 58,59 милијарди долари, објавува CNBC.

Приходите на компанијата во четвртиот квартал од 2025 година се зголемија за 24 проценти на годишно ниво, а главен извор на приход е сè уште рекламирањето, кое сочинува речиси 97 проценти од вкупните приходи, или 58,1 милијарди долари.