Мета ги отстранува ограничувањата на профилите на Трамп на Фејсбук и Инстаграм

од Илинка Илиоска
33 прегледи

Компанијата Мета денеска објави дека ќе отстрани некои ограничувања на профилите на Фејсбук и Инстаграм на поранешниот американски претседател и кандидат за нов претсеадателски мандат, Доналд Трамп.

Мета ги блокираше профилите на Трамп на неодредено време, откако тој ги пофали луѓето кои упаднаа во Капитол на 6 јануари 2021 година. Компанијата му ги врати профилите на поранешниот американски претседател на почетокот на 2023 година, наведувајќи дека ќе ги следи неговите објави за можни прекршувања, што може да доведе до нов локаут од еден месец до две години.

Трамп, кој треба да се соочи со актуелниот претседател Џо Бајден на претседателските избори во ноември, веќе нема да биде предмет на дополнителен надзор, соопшти Мета.

Слични содржини