Мета на “Исламска држава” фериботите во Ламанш

од Vladimir Zorba
91 прегледи

Според британските власти бродовите се слаба точка во безбедноста на земјата

 20151122.rbhfwurgvy

Бродовите кои поминуваат низ Ламанш, може да станат следната цел на терористите од “Исламска држава”. Ова го пишува The Telegraph, повикувајќи се на извор од владата.Властите во Велика Британија сметаат дека бродовите  се слаба точка во безбедноста на земјата. Весникот забележува дека во последните неколку години мерките за безбедност на аеродромите биле интензивни  и значителни, што ги прави не толку погодни за напади Токму поради тоа има страв дека атентаторите можат да се насочат кон фериботите кои минуваат низ теснецот.