Американскиот суд го отфрли барањето на платформата Meta да ја отфрли тужбата на милијардерот, австралиски рударски магнат, Ендрју Форест поради реклами на Facebook за кои тој тврди дека промовираат лажни криптовалути и други лажни инвестиции.
Окружниот судија на САД во Сан Хозе во Калифорнија објави дека вториот најбогат човек во Австралија може да се обиде да докаже дека Meta од невнимание ги дозволил гореспоменатите реклами и со тоа ја прекршил обврската да работи на комерцијално коректен начин, пренесе Ројтерс.
Форест, исто така, може да се обиде да докаже дека неговото име и лик ги присвоила Meta, а не само измамниците зад лажните реклами.
Тој тврди дека Meta повеќе профитирал од рекламите во кои е вклучен неговиот лик, отколку што би профитирал инаку.
Милијардерот рече дека повеќе од 1.000 сомнителни реклами се појавиле на Facebook во Австралија помеѓу април и ноември 2023 година, што довело до милиони долари загуба за погодените.
Адвокатите на Meta денеска одбија да ги коментираат тие наводи.