12
„Мета“ одби да го потпише кодексот на однесување на Европската Унија за Законот за вештачка интелигенција, само неколку недели пред да стапат во сила правилата за оние кои обезбедуваат услуги за модели на вештачка интелигенција за општа намена.
„Европа оди во погрешен правец кога станува збор за вештачка интелигенција“, рече раководителот на одделот за глобални односи на „Мета“, Џоел Каплан, како што објави порталот Tech Crunch.
Како што е наведено, „Мета“ внимателно го разгледал Кодексот на однесување на Европската комисија за модели на вештачка интелигенција за општа намена и нема да го потпише.