Компанијата „Мета“ го отстрани профилот на Инстаграм за кој корисниците на социјалните мрежи рекоа дека му припаѓа на масовниот убиец Салвадор Рамос (18), кој во вторникот вечерта уби 19 деца и двајца возрасни во основното училиште Роб во Јувелде, Тексас.
„Мета“ не потврди дека налогот е поврзан со убиецот, меѓутоа, на изгаснатиот профил „salv8dor_“ беа објавени фотографии од две автоматски пушки AR15, само три дена пред смртоносниот напад на основното училиште, објави Си-Ен-Ен.
Неколку ученици од класот на убиецот потврдија дека налогот му припаѓа нему.