268
Американската компанија „Meta platforms“, сопственик на Фејсбук, го одложи финализирањето на буџетот за неколку тимови како подготовка за нова рунда отпуштања, објави денеска „Фајненшл тајмс“.
Двајца вработени во Мета за весникот велат дека во последните недели не е јасно колкав ќе биде буџетот и идниот број на вработени.
„Мета“ на почетокот на овој месец објави дека очекува трошоци оваа година меѓу 89 и 95 милијарди долари, а извршниот директор Марк Закерберг оваа година ја нарече „година на ефикасност“.
Апликацијата „WhatsApp“, во сопственост на Мета, во ноември отпушти повеќе од 11.000 работници, што е 13 отсто од вкупната работна сила.