„Мета“ се заканува дека ќе ги повлече „Фејсбук“ и „Инстаграм“ од Европа

од Vladimir Zorba
709 прегледи

„Мета“, компанијата на Марк Закерберг, во поднесокот до Комисијата за хартии од вредност на САД (SEC) наведува дека размислува да го напушти европскиот пазар, доколку повеќе не може да разменува податоци на европските корисници со САД, по пресудата за Schrems II.

Schrems II е клучна пресуда на Европскиот суд на правдата, со која во јули 2020 година „Штитот на приватност“, односно механизмот за пренесување лични податоци на Европејците во Америка, беше прогласен за незаконски.

Штитот за приватност е американски закон кој им даде право на американските власти да собираат лични информации за ентитети во Европската унија, без, според Судот, соодветни заштитни мерки.

Понатаму, во пресудата се наведува дека субјектите од ЕУ немале ефективни средства да бараат компензација против американската влада.

Целата оваа „акција“ датира од 2011 година, кога австралискиот адвокат, активист и автор Максимилијан Шремс прегледал 1.222 страници со информации кои „Фејсбук“ ги имал за него.

Тој откри детали кои верува дека ги избришал, како и работи кои не се согласил да бидат споделени и поднел жалба до ирскиот комесар за заштита на податоци. „Фејсбук“ е под ирска јурисдикција бидејќи е европско седиште на компанијата (од даночни причини).

Денес, со Европската општа регулатива за заштита на податоците (GDPR) во сила, е утврдено дека принципите на американскиот „Штит на приватност“ не се во согласност со европските закони и затоа се невалидни.

Пресудата на Schrems II влијае на секоја американска компанија, не само на „Фејсбук“. Тоа ги вклучува „Гугл“, „Мајкрософт“ и „Амазон“, чии облачни услуги го формираат столбот на поголемиот дел од западниот интернет.

Претходно, Google Analytics и Google Fonts беа на суд каде беше утврдено дека Google Fonts испраќа лични податоци како што е IP адресата на друга услуга без дозвола и без јасна и валидна причина за тоа.

Иако Schrems II го укинува „Штитот за приватност“, правната заштита обезбедена со стандардните договорни клаузули и обврзувачките корпоративни правила сè уште е на сила.

Сепак, „Фејсбук“ се заканува дека едноставно ќе се повлече целосно од Европа доколку повеќе не може да споделува податоци за европските корисници со своите операции, апликации и центри за податоци во САД.

Додека Европскиот суд на правдата наведува дека личните податоци се помалку заштитени во Соединетите Држави отколку во Европа, „Фејсбук“ вели дека запирањето на трансатлантскиот пренос на податоци ќе има катастрофално влијание врз неговата способност за целно онлајн огласување.

Слични содржини