Мета: Содржините за самоубиство и самоповредување ќе бидат скриени од малолетниците

од Stefanija Kuzmanovska
252 прегледи

Според новите правила, платформите Инстаграм и Фејсбук ќе кријат содржини поврзани со самоубиства, самоповредување и нарушувања во исхраната од малолетници, објави компанијата „Мета“, сопственик на овие социјални мрежи.

Корисниците на возраст под 18 години нема да можат да го видат овој тип на содржина, дури и ако ја споделува некој што го следат. Тие мора да имаат најмалку 13 години за да се регистрираат на Инстаграм и Фејсбук, наведе Sky News.

Наместо тоа, платформите ќе споделуваат ресурси од добротворни организации за ментално здравје кога некој ќе сподели објава за нивната борба со самоповредување или нарушувања во исхраната.