Мета застана на страната на Бериша во конфликтот со САД: „Срамен и одвратен чин на антиалбанското лоби“

од Vladimir Zorba
340 прегледи

Албанскиот претседател Илир Мета застана на страната на Сали Бериша во размената на остри зборови со Соединетите Американски држави.

Тој изјави дека ставањето на поранешниот премиер на американската црна листа е „срамен и одвратен чин на антиалбанското лоби“, пренесе РТС.

Илир Мета, албанскиот претседател чии владејачки социјалисти се подготвуваат да го заменат, застана на страната на Сали Бериша по одлуката на Стејт департментот да му забрани влез во САД поради корупција, злоупотреба на средства и минирање на демократијата.

„Тоа е срамен, нечесен и одвратен чин“, напиша Мета, обвинувајќи го „антиалбанското лоби“ дека стои зад овој потег на американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

Сали Бериша, еден од најмоќните албански политичари во последните три децении, објави дека ќе го тужи државниот секретар на САД за клевета пред францускиот суд, бидејќи му е забранет влез на територијата на Соединетите држави.

Стејт департментот изјави дека реториката на Бериша покажува дека тој сака да се заштити себеси, членовите на семејството и политичките сојузници на сметка на независните истраги и борбата против корупцијата.

Освен на Сали Бериша, со овој чин им е забрането да влегуваат во САД и на неговата сопруга Лира Бериша, синот Шкељзен и ќерката Аргита Бериша Малтезе.

Слични содржини