Хеви-метал составот „Металика“ ќе донира 250.000 долари (околу 230.000 евра) на хуманитарните организации Direct Relief и World Central Kitchen, кои обезбедуваат помош за подрачјата погодени од земјотресите во Турција и Сирија.
„Немаме зборови за да го опишеме уништувањето во јужна Турција и северна Сирија. Земјотресот со јачина од 7,8 степени го претвори целиот подрачје во урнатини. Бројот на жртви продолжува да расте. Партнерските организации, All Within Foundation My Hands, Direct Relief и World Central Kitchen работат на терен за да обезбедат медицинска помош и храна за жртвите од оваа катастрофа. АФВМХ обезбедува грантови од 125.000 американски долари за секоја организација, заради поддршка на нивните напори“, соопшти „Металика“.
Донацијата доаѓа од непрофитната организација на американскиот бенд основана 2017 година за борба против гладот и во поддршка на образованието и други добротворни цели ширум светот.