Метју Хачинс: Бев бесен кога го слушав Болдвин како детално го опишува убиството на мојата сопруга

од Vladimir Zorba
833 прегледи

Метју Хачинс, вдовецот на снимателката Халина Хачинс, зборуваше за прв пат по трагедијата, објави Си-Ен-Ен. На Ен-би-си Тудеј, тој рече дека верува дека Алек Болдвин е одговорен за смртта на неговата сопруга. Според него, „индустриските стандарди кои не беа исполнети во овој случај“ се исто така одговорен фактор за она што се случи на снимањето на филмот „Рѓа“.

„Бев толку бесен, повреден кога ја слушнав како зборува за нејзината смрт толку јавно, толку детално, а потоа таа не презема никаква одговорност – откако тој само го опиша нејзиното убиство“, изјави Метју Хачинс за водителката Хода Кот.

Халина Хачинс почина на 42-годишна возраст во октомври, откако Болдвин пукал во неа за време на проба на сцена на филмот во Ново Мексико. Ен-би-си објави делови од интервјуто со Метју Хачинс вчера, а целото интервју е закажано за објавување денеска.

„Идејата дека човекот кој го држи пиштолот и го тера да пука не е одговорен за мене е апсурдна“, изјави Хачинс за Ен-би-си. „Безбедноста на оружјето не е единствениот проблем во овој случај. Постојат голем број индустриски стандарди кои не се исполнети и има многу одговорни страни“, рече тој. Тој и Халина имаат 9-годишен син.

Како што претходно објави Си-Ен-Ен, семејството Хачинс поднеле тужба против Болдвин и продуцентските куќи на филмот за предизвикување смрт на Халина преку нивните непромислени постапки.

„Продолжуваме да работиме со властите за да утврдиме како муницијата пристигнала на снимањето на „Рѓа“. Секое тврдење дека Алек постапил несовесно е целосно невистинито“, рече Арон Даер, адвокатот на актерот и другите продуценти.

„Тој, Халина и остатокот од тимот се потпираа на лица за да кажат дека тоа е „ладен пиштол“, рече Даер.

На Инстаграм профилот на Метју Хачинс, луѓето коментираа дека не изгледа логично да се впери пиштол и да пука за време на пробата и се прашуваа дали бил пијан или има проблеми со менталното здравје.